fbpx

Дебранин изнајмил хотелска соба во Струга во која снабдувал нарко-корисници

-

Дебранин, на 21 година, изнајмил хотелска соба во Струга, каде снабдувал нарко-корисници, овозможувајќи им консумирање наркотична дрога хероин.

Поради постоење основи на сомнвање за сторено казнено дело „овозможување употреба на наркотични дроги и психотропни супстанции“, полициската станица од Струга му поднесе кривична пријава.

– На 26 јануари оваа година, пријавениот е затекнат во вршење на кривичното дело во еден хотел во Струга заедно со уште две лице, од кои едното од Струга и едно од Дебар. Тој, хотелската соба претходно ја изнајмил, по што ги повикал двајцата пријатели, овозможувајќи им консумирање наркотична дрога хероин. Оперативците за борба против дрога ги затекнаа трите лица при консумирање на опојната дрога хероин. На масата беа забележани повеќе нагорени фолии со траги од кафеава материја и две помали најлонски кеси со траги од кафеава материја –  информираше портпаролот на СВР од Охрид, Стефан Димоски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...