fbpx

Битолчанец повреден во сообраќајка на Водно

-

Во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладнето на патот од населбата Козле кон манастирот „Свети Пантелејмон“ во селото Горно Нерези на Водно, тешки повреди задобил 25-годишен битолчанец.

Како што извести СВР Скопје, во 16.30 часот вчера се судриле автомобилите „опел корса“ управуван од повредениот млад битолчанец и автомобил „опел астра“, управуван од 41-годишниот скопјанец С.Т.

Полицијата извршила увид, а повредениот бил однесен во Градска општа болница „8 Септември“ во Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...