Во пожар што вчера наутро избувнал во неговата куќа на улицата „Јане Сандански“ во Стар Дојран, животот го загубил 50-годишниот С.Д., соопшти полицијата.
Пожарот бил пријавен утрото. Пожарникарите интервенирале и по некое време го изгаснале пожарот, но и го пронашле мртвото тело на сопственикот на куќата.
Лекар од брза помош ја констатирал смртта и на телото забележал изгореници. Смртта, според сегашните сознанија настанала од задушување, а изгорениците на телото се создале подоцна. По увидот извршен од СВР Струмица, со согласност од јавен обвинител, телото на настраданиот било предадено на семејството за погреб.