fbpx

Атинскиот градоначалник во прва посета на Скопје

-

Градоначалникот на Атина, Јоргос Каминис, од денеска ќе престојува во дводневна посета на Скопје, во текот на која со градоначалникот Петре Шилегов ќе потпише спогодба за соработка меѓу двата града.

Тоа ќе биде втора средба на градоначалниците на Атина и Скопје. Тие прв пат се состанаа во главниот град на Грција во почетокот на февруари годинава.

– Имајќи предвид дека нашите граѓани се соочуваат со исти предизвици во секојдневното живеење, размената на искуства и продлабочувањето на соработката ќе придонесат, заеднички да учествуваме во изнаоѓање решенија за современите потреби на нашите сограѓани – изјави тогаш Шилегов на заедничката прес-конференција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...