fbpx

Асанж ги негираше обвинувањата за силување

-

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, ја објави изјавата дадена за шведското обвинителство во која тврди дека не извршил сексуална злоупотреба пред шест години за време на посетата на Шведска.

Во изјавата која е објавена во светските медиуми тој негира дека имал сексуален однос без заштита со една жена додека таа спиела.

Тој рече дека тоа бил доброволен сексуален однос на две возрасни лица и остро ги критикуваше шведските обвинители. Неговиот адвокат Џенифер Робинсон потврди дека изјавата е автентична.

Портпаролката на обвинителството во Шведска изјави дека не може да ја коментира истрагата. Таа наведе дека обвинителите го чекаат транскриптот од сослушувањето на Асанж кое го извршиле еквадорските службеници во амбасадата на Еквадор во Лондон минатиот месец.

Асанж побара засолниште во амбасадата на Еквадор пред повеќе од четири години.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...