fbpx

Неизвесни се односите помеѓу Русија и САД, смета Штајнмаер

-

Германскиот министер за надворешни работи, Франк Валтер Штајнмаер, во Брисел изјави дека и понатаму е неизвесно какви ќе бидат идните односи помеѓу Русија и САД.

– За разлика од некои ставови кои ги слушнав, лично мислам дека можностите се целосно отворени кога станува збор за односите помеѓу САД и Русија – изјави Штајнмаер.

Шефот на германската дипломатија рече дека неизвесноста во Москва и во Киев во врска со прашањето каква политика ќе има новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, значи дека нема многу изгледи за постигнување поголем напредок во примената на договорот од Минск за примирјето во Украина.

Штајнмаер се осврна и на Турција, велејќи дека земјата мора да ја преиспита својата домашна политика за ЕУ да го исполни барањето на Анкара да се воведе безвизен режим за турските граѓани.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...