fbpx

Ако утре не го пуштат Бошкоски, директорот на затворот ќе добие кривична пријава

-

Адвокатот Констатин Кратовалиев очекува Љубе Бошкоски утре да го напушти затворот „Идризово“, а доколку тоа не се случи, тој најавува дека ќе поднесе кривична пријава до обвинителството против директорот на затворот, Живко Пејковски, кој треба да го потпише решението за ослободување на Бошкоски.

Кратовалиев го посетил Бошкоски, чиј бранител е, во затворот, додека неколку десетици граѓани, членови на Обединети за Македонија и активисти, протестираа пред „Идризово“ со барање поранешниот министер за внатрешни работи и лидер на Обединети за Македонија да биде пуштен од затвор 90 дена пред истекот на затворската казна, како што дозволува законот.

Генералниот секретар на ОМ, Раде Милососки, денеска на протестот, како што пренесува „А1 он“, за медиумите изјавил дека притисокот и заканите да не се ослободува Бошкоски доаѓале од заменик-министерката за правда, Биљана Бришкоска-Бошковски, и од директорката на Управата за извршување санкции, Лидија Гавриловска.

Потпретседателот на ОМ, Марјан Огненовски, го повика Пејковски да одолее на притисоците и на заканите и да го потпише решението за ослободување на Бошкоски.

Меѓу демонстрантите пред „Идризово“ денеска можеа да се забележат сопругата на Бошкоски, Виолета Бошкоска, лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов, универзитетскиот професор во пензија Ѓорѓе Марјановиќ и други граѓани и активисти.

Петгодишната затворска казна на која беше осуден поради незаконско финансирање изборна кампања, на Бошкоски му истекува на 6 јуни оваа година, но според законот за извршување на санкциите, директорот на установата може да го пушти 90 дена порано.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...