fbpx

Заев: Претстои период кога ова лудило мора да заврши

-

Денеска, членови на опозициските партии поставија импровизиран споменик на смртта на демократијата пред Собранието на Македонија по повод две години од „црниот понеделник“. Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, постави и еден пакет со тоалетна хартија.

– Две години по смртта на парламентарната демократија во Македонија, пред овој споменик на „црниот понеделник“, порачуваме – ќе ѝ ставиме точка на намерата на власта да продолжи до конечна пресметка со слободата на говорот, демократијата, со слободата на избор на граѓаните. Претстои период кога ова лудило мора да заврши. Очигледно за оваа власт не се доволни ниту протести од десетици илјади луѓе на улиците, да ја убедат оваа власт барем да разговара за проблемите. Граѓаните веќе препознаваат колку е добро или лошо, само кога ќе го погледнат паричникот. Нема веќе лажење – изјави Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...