fbpx

29 лица се повредени во експлозија во Њујорк

-

Најмалку 29 лица се повредени при експлозија која синоќа се случи во квартот Челси на Менхетен, а на друга локација, во истиот дел на Њујорк е пронајдено нешто што личи на експрес-лонец, кој со жици е поврзан со мал темен уред, јавува „Си-ен-ен“.

Полицијата ги проверува видеозаписите од местото на првата експлозија, на кои изгледа е прикажано лице кое остава нешто зад себе, поради што полицијата дошла до заклучок дека експлозивот бил оставен со намера.

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио, изјави дека според првите индикации станува збор за намерно предизвикување експлозија, но дека засега не гледаат никаква поврзаност со тероризам.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Владата се поднови со 45 „Шкода суперб“ за 2,2 милиони евра

Склучен е договор меѓу Службата за општи и заеднички работи на Владата и Порше Лизинг ДООЕЛ Скопје за набавка на 45 моторни возила по пат на оперативен лизинг со...