fbpx

ЗНМ бара да се расчисти инцидентот во Град Скопје со новинарот од ТВ Сител и портпаролката на Арсовска

Според изјавата на новинарот Арсов, тој откако завршил со вклучувањето во живо во вестите на ТВ Сител, бил навредуван и физички нападнат од страна на лицето задолжено за односи со јавност во Град Скопје, Кристина Депо. Од Град Скопје, пак, до ЗНМ денеска пристигнал демант на овие информации

-

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) реагира во однос на вчерашниот инцидент кој се случил по седницата на Советот на Град Скопје, од која известувал новинарот Мартин Арсов од ТВ Сител.

Според изјавата на Арсов, тој откако завршил со вклучувањето во живо во вестите на ТВ Сител, бил навредуван и физички нападнат од страна на лицето задолжено за односи со јавност во Град Скопје, Кристина Депо. Од Град Скопје, пак, до ЗНМ денеска пристигнал демант на овие информации.

Здружението на новинари на Македонија бара од администрацијата на Градот да го расчисти до крај случајот, за да нема шпекулации во јавноста, но и ризик од слични инциденти во иднина.

„Укажуваме дека службениците кои се одговорни за односи со јавноста на градската администрација треба да одржуваат коректен пристап во комуникација кон новинарите со цел градење на меѓусебна доверба и почит, а во интерес на информирањето на граѓаните. Тие како и сите останати службеници од централната и локалната власт не смеат да се ставаат во улога на рецензенти во искажаните зборови на новинарите зошто на тој начин се прави притисок во известувањето и се оневозможува професионалното работење“, велат од ЗНМ.

Новинарот на ТВ Сител Арсов вчера на социјалните мрежи објави: Откако завршив со вклучувањето, ми рече дека е незадоволна оти сум кажал само дел од соопштението што го напишала, а не целото. Кога се доближив до неа, замавна и ми го удри телефонот“.

Во демантот до ЗНМ од страна на портпаролката Депо се отфрлаат овие тврдења:

„Во конкретниот случај за настанот кој се случи на 31.08.2023 година околу 16:22 часот во Советот на Град Скопје новинарот Мартин Арсов буквално изнесе лаги во средствата за јавно информирање клеветејќи ме мене, Кристина Депо дека бил физички нападнат. Јас и Градот категорично ги отфрламе изнесените лаги од страна на новинарот Мартин Арсов“, вели портпаролката во нејзината изјава.

Од ЗНМ укажуваат на новинарите дела доколку сериозно им се попречува работата или пак се предмет на физички напад, случајот веднаш да го пријават во ЗНМ и во Министерството за внатрешни работи со цел да следат соодветни постапки за утврдување на одговорност.

„Потсетуваме и дека загрозување на сигурноста на медиумските работници во професионално вршење на новинарска дејност со последните измени од законот претставуваат кривично дело“, велат од ЗНМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...