fbpx

Животна приказна за американскиот бизнисмен Фигерс, претставена како да е од С. Македонија

Текстот користи фотографија од дете која нема никаква врска со приказната, таа е земена од Интернет од каде може да се купи за 40 долари и истата е насловена како „портрет од изморено дете“, пишува Вистиномер

-

Објавата е манипулативна и не остава впечаток дека говори за животот на познатиот американски бизнисмен Фреди Фигерс. Истата е конструирана на таков начин што делува како да пренесува приказна од С. Македонија, со цел да привлече што е можно повеќе кликови. Текстот користи фотографија од дете која нема никаква врска со приказната, таа е земена од Интернет од каде може да се купи за 40 долари и истата е насловена како „портрет од изморено дете“, пишува Вистиномер. 

Текстот го објавуваме во целост:

 

Анализираме објава на Фејсбук која пренесува приказна за некое напуштено дете, но не е нагласено каде се одвива дејството на приказната, па таа делува како да е од С. Македонија. Објавата е доста вирална и има многу коментари.

Само што се родил мајка му го фрлила во ѓубре: Го зел човек од градската чистота, после 12 години сфатил што направил, стои во објавата.

Објавата споделува и напис со ист наслов кој е вистинска каша-попара. Од него не може да се разбере многу за тоа кое е детето од каде е и слично. Прво, текстот користи фотографија од дете која нема никаква врска со приказната, односно фотографијата е земена од Интернет од каде може да се купи за 40 долари и истата е насловена како „портрет од изморено дете“.

Понатаму, уште на самиот почеток текстот прави забуна кај читателите спомнувајќи Босанка која одгледала напуштено девојче, а потоа продолжува со приказната за извесен Фреди Фигерс.

Целиот текст е нејасен бидејќи е преведуван со помош на Гугл транслејт, воопшто не е редактиран и лекториран и е хаотичен. Од текстот не може да се разбере многу освен дека некое дете било напуштено од мајка му, таткото кој го посвоил го нашол во канта за отпадоци, го одгледал заедно со сопругата, а тој станал успешен бизнисмен.

Побаравме на Гугл сличен текст и најдовме дека истиот е преземен и лошо преведен од босанскиот сајт Ексклузива.ба. Но од написот на Ексклузива.ба станува јасно дека приказната се однесува на Фреди Фигерс, американски технолошки претприемач, пронаоѓач и основач на Фигерс Комуникејшн и Фондацијата Фигерс. Приказната е убаво напишана, разбирлива и истата содржи фотографии од Инстаграм профилот на Фигерс.

За животот на Фигерс има пишувано и Би-би-си во 2021 година.

Објавата што ја анализираме е манипулативна и не остава впечаток дека говори за животот на познатиот американски бизнисмен Фреди Фигерс. Истата е конструирана на таков начин што делува како да пренесува приказна од Македонија, со цел да привлече што е можно повеќе кликови. Поради тоа оценуваме дека на објавата ѝ недостига контекст.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Владата со нов закон ќе ги укине економските директори во здравствените установи

Владата ќе го усвои новиот закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита со кој ќе се укине институцијата економски директори во јавните здравствени установи. „Оваа промена има...