fbpx

Жител на Македонски Брод загинал во сообраќајна несреќа

-

Триесет и осумгодишниот Горан А. од Македонски Брод го загубил животот во сообраќајна несреќа што вчера претпладне се случила на регионалниот пат Македонски Брод – Кичево, кај местото Глана, соопшти полицијата.

Сообраќајната несреќа се случила околу 11.30 часот, кога Горан А., кој управувал комби со кичевски регистарски ознаки, од засега непознати причини, изгубил контрола над возилото, удрил во дрво и потоа паднал во река. Спасувачки екипи го извлекле безживотното тело на возачот, а смрт констатирал лекар во Медицинскиот центар во Прилеп.

Увид на местото извршила полициска екипа од Македонски Брод.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Турција ја прекина трговијата со Израел поради „хуманитарната трагедија“ во Газа

Турските власти ги прекинаа трговските односи со Израел, а турското Министерство за трговија соопшти дека мерките ќе траат се додека Израел не дозволи „непрекинат проток“ на помош во Газа, пишува...