fbpx

Жерновски: Следниот референдум во Центар ќе биде за Водно

-

Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, ги покани жителите на Водно на 26 април да излезат на референдум на избирачките места на кои гласаат за сите избори и да се изјаснат дали се за зачувување на автентичниот изглед на ГТЦ.

– Идната година повторно ќе одвоиме средства од буџетот на Општината за организирање референдум на локално ниво. Следниот референдум на Општина Центар ќе биде за Водно. Со него, ќе ја ограничиме висината на Водно, за да не може ниту една власт да го узурпира просторот – рече Жерновски.

Жерновски најави дека идниот месец продолжува акцијата на Општина Центар „Цел Центар на точак“, која се покажа како успешна минатата година. Секој заинтересиран што сака да вози нов велосипед, ќе биде субвенциониран од Општината.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...