Жена измамила седуммина – им барала аванс за изнајмување станови, а им давала лажни клучеви

Дваесет и двегодишната жена од Богданци прибавила 74.200 денари оштетените, „изнајмувајќи“ станови во кои живееле други луѓе

-

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека поднело Обвинителен предлог против 22-годишна жителка на Богданци, која измамила седуммина со тоа што им барала аванс за изнајмување на станови во Скопје кои воопшто не биле нејзини.

„По претходно објавени огласи за изнајмување станови преку социјалната мрежа Фејсбук, секој од оштетените телефонски ја контактирал обвинетата и таа лажно им прикажала дека ќе им изнајми стан, барајќи да и исплатат пари како аванс пред да се вселат. По уплатата, на секој од оштетените им давала на рака клучеви како да се од изнајмените станови на различни локации во Скопје. Меѓутоа, клучевите не одговарале на становите што наводно им ги изнајмувала и во нив живееле други луѓе. На овој начин обвинетата од оштетените прибавила пари во вкупен износ од 74.200 денари“, велат од обвинителството.

Жената е обвинета за Кривичното дело – Измама согласно член 247 од Кривичниот законик.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетата, која ѝ беше определена поради опасност од бегство.

Necromanser Eldritch -Diablo 4 -скриншот од лична архива на Иван Стојановски

Експанзијата „Vessel of Hatred“ на Diablo 4 доби одлични критики од гејмерите

Излегувањето на експанзијата Vessel of Hatred на Diablo 4 наиде на голем број одлични критики од страна на гејмерите ширум светот и е експанзија што фановите ја очекуваа од...