Од ноќеска на полноќ се зголемуваат малопродажните цени на нафтените деривати, во просек за 2,69 отсто, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Цените на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за 2,5 денари за литар. Така, моторниот бензин Еуросупер БС-95 од вечерва ќе чини 78 денари за литар, додека 98-октанскиот бензин ќе се продава за 80 денари за литар.
Еуродизелот, пак, поскапува за два денари за литар и од ноќеска ќе чини 70,5 денари за литар.
Литар екстра-лесно масло за домаќинство ќе чини 70,5 денари, по зголемувањето на цената од 2 денари за литар.
Новата цена на мазутот изнесува 44,507 денари за килограм.