Манганот „исчезна“ од гостиварскиот водовод, забранетата вода сега е безбедна за пиење

На 6 октомври, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) издаде забрана за за користење на водата за пиење од градскиот водовод во Гостивар, поради добиени позитивни лабораториски наоди за зголемено присуство на манган, над максимално дозволените концентрации

-

Бидејќи нема отстапки во однос на безбедносните критериуми, водата е безбедна за пиење, односно, се отстранува забраната за користење на водата од гостиварскиот водоводен систем, информираат во Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Пред само една недела, АХВ издаде забрана за пиење на водата во водоводот, откако добиле позитивни лабораториски наоди за зголемено присуство на манган над максимално дозволените концентрации.

„Беа земени десет мостри за анализа на водата за пиење од градски водовод во Гостивар, а резултатите од тестирањето на водата за пиење потврдија дека мострите одговараат физичко хемиски и бактериолошки со параметри, а манганот е во граница на нормалните вредности“, наведено е во соопштението на АХВ.

Оттаму велат дека резултатите од испитaната вода, земени од три мерни места во Гостивар, се безбедни, односно физичко – хемиски и бактериолошки, одговараат со дефинираните критериуми за безбедност со Правилник за барањата за безбедност и квалитет на водата за пиење, а присуството на манган е во граница на дозволените вредности.

На 6 октомври, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) издаде забрана за за користење на водата за пиење од градскиот водовод во Гостивар, поради добиени позитивни лабораториски наоди за зголемено присуство на манган, над максимално дозволените концентрации согласно Правилникот за барање за безбедност и квалитет на водата за пиење АХВ во петокот издаде забрана за користење на водата за пиење од градскиот водовод во Гостивар. На јавното комунално претпријатие „Комуналец” кое стопанисуваа со водоводната мрежа во овој град, наредено му е да ги извести граѓаните за забраната, односно дека водата во градскиот водовод не е безбедна за пиење и да обезбеди питка вода за пиење“, информираше тогаш АХВ.

МОН: Историја, географија, физика, хемија и биологија повторно ќе бидат посебни предмети

Направени се измените на Концепцијата за основно образование, на чија потреба во изминатиот период упатуваше стручната и пошироката јавност, а особено наставниците од основните училишта, информираат од Министерството за...