Земјоделците треба да пријават штети од сушата за да ги обесштети Владата

„Земјоделците од Росoман навреме ги добија субвенциите, односно 290 милиони денари - во еден ден беа префрлени на сметките на 10.604 производители кои се занимаваат со овоштарство“, велат во Владата

-

Земјоделците деновиве треба да се пријават во општинските комисии за проценка на штетите од сушата и неостварените приноси, а потоа врз основа на тие податоци Владата ќе донесе одлука за обештетување, соопштуваат оттаму.

Земјоделците од Росoман навреме ги добија субвенциите, односно 290 милиони денари, во еден ден беа префрлени на сметките на 10.604 производители кои се занимаваат со овоштарство.

Од Владата денеска информираа и дека системот за наводнување Макарија е саниран, проблемот со оштетување е надминат, земјоделците во Росоман од утре ќе имаат вода.

„Благодарение на брзата реакција на Владата, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, АД Водостопанство, професорите од Градежниот факултет во Скопје, изведувачот како и поддршката од локалната самоуправа, за многу кус период од месец и половина изнајдено е решение за дефектот на системот за наводнување“, соопштија оттаму.

Владата на една од минатите седници го задолжи Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да достави предлог измена на Програмата за водостопанство, со што се обезбедија потребните над 1,3 милиони евра за санација на проблемот.

За да им се надомести штетата, за земјоделците од Росоман и Градско, предвидено е обештетување за настанатите штети на овошните насади поради дефектот на системот за наводнување Макарија.

„Овоштарството е наша важна земјоделска гранка. Оваа година за прв пат започнува авансната исплата на субвенциите, со што производителите на праски до крај на годината ќе добијат уште една финансиска поддршка од 12.000 денари по хектар како дел од новиот модел на брза и ефикасна исплата на субвенциите. Наместо во 2024 година овие пари земјоделците ќе ги добијат до крајот на 2023 година“, наведено е во соопштението на Владата.

За да се намалат производствените трошоци, во најскоро време ќе се дистрибуираат и картичките за зелена нафта како дополнителна поддршка при што производителите на праски добиваат околу 6.000 денари по хектар финансиска поддршка за зелена нафта.

 

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста на животната...

Идниот месец ќе се знае колку линдан остана во ОХИС и колку ќе чини чистењето

Колку точно линдан останува во малата депонија во ОХИС и колку време и пари ќе бидат потребни за нејзиното целосно расчистување ќе се знае во текот на јуни. Испитувањата на мострите...

Засолниште има, но кучиња скитници продолжуваат да ја загрозуваат безбедноста во Тетово

И покрај отворањето на засолниште за кучињата скитници во Тетово, граѓаните се уште се соочуваат со бројните кучиња по населбите. Официјалните податоци покажуваат дека во текот на изминатите четири години стотици...

Велика Британија и Европа ѝ наметнуваат големи санкции на Русија по повикот меѓу Путин и Трамп

Обединетото Кралство и Европа најавија големи санкции против Русија, откако стана јасно дека телефонскиот повик меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин не донел никакви значајни отстапки од Москва, пренесува Гардијан. Украинскиот претседател,...

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста...