fbpx
Таг: наводнување

таг: наводнување

Земјоделците треба да пријават штети од сушата за да ги обесштети Владата

Земјоделците деновиве треба да се пријават во општинските комисии за проценка на штетите од сушата и неостварените приноси, а потоа врз основа на тие податоци Владата ќе донесе одлука за обештетување, соопштуваат оттаму. Земјоделците од Росoман навреме ги добија субвенциите, односно 290 милиони денари, во еден ден беа префрлени на сметките на 10.604 производители кои се занимаваат со овоштарство. Од Владата...

Ковачевски: Од „Славишко поле“ ќе се наводнуваат нови 200 хектари обработливо земјиште во Ранковце и Крива Паланка

Премиерот Димитар Ковачевски присуствуваше на пуштањето во употреба на системот за наводнување „Славишко поле“ во општина Ранковце, заедно со министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, претставникот од делегацијата на ЕУ, Феручио Бого и градоначалниците на општините Ранковце и Крива Паланка. Како што соопштија од Владата, системот за наводнување „Славишко поле“ е изграден со финансиска поддршка од Европската Унија во вредност од...

Преспанското Езеро изумира без своите води, мерките за негова заштита ќе се спроведуваат шест години

Широките песочни плажи на Преспанското Езеро се идеални за туристите во летните месеци, сè до оној момент кога посетителите ќе сакаат сончањето да го заменат со капење во езерските води. Тиња, алги, матни и плитки води се секојдневието на секој посетител на Преспанското Езеро, а негативната состојба со повлечените води го вклучува и алармот за тоа како преживува богатиот...

Хидросистемите во функција, започнува сезоната за наводнување

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски заедно со директорот на АД Водостопанство Локман Љимани, извршија увид во работата на хидросистемот Брегалница, од каде го најавија предвременото започнување со работа на системите за наводнување на целата територија во државата. Тие кажаа дека важен дел во производството на земјоделските производи е наводнувањето на обработливите површини. „Системите за наводнување на целата...

Поради временски непогоди, Владата во просек годишно им исплаќа по 3,5 милиони евра на земјоделците

Климатските промени се наметнуваат како сериозна закана за земјоделското производство во земјава. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Комисијата за штети при Владата на РСМ во просек годишно исплаќаат по 3,5 милиони евра на земјоделците на основ на штети од временски непогоди, информираат за „Мета.мк“ од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Долгите топлотни бранови и долготрајните суши, градот...

Градскиот стадион во Охрид ќе добие нов систем за наводнување

градски стадион Охрид
ЈП „Билјанини Извори” и Фудбалската федерација на Република Северна Македонија (ФФМ) со нов проект ја продолжуваат започнатата успешна соработка во интерес на фудбалот во Охрид. Со новиот проект, ФФМ на фудбалскиот терен на градскиот стадион „Билјанини Извори” ќе инсталира најсовремен систем за автоматско наводнување. За таа намена, до 3 април ќе бидат инсталирани 33 прскалки со сонда за влажност на...

Причина за ниското ниво на Преспанското Езеро се климатските промени, а не истекот и наводнувањето, велат еколозите

Последната долга суша е одговорна за досега најголемото опаѓање на нивото на водата на Преспанското Езеро, е ставот на експертите од Македонското еколошко друштво (МЕД). Ова здружение на стручни лица од областа на заштитата на животната средина, гео и биодиверзитетот излезе во јавност со став дека истекот во Охридското Езеро и употребата на водата за наводнување од Преспанското Езеро...

Три години не се исчистени каналите за наводнување во Општина Дебрца

Поради нефункционалното наводнување на земјоделските површини, градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески оствари работна средба со граѓаните од Мешеишта, Волино, Климештани, Велмеј, Лешани и Издеглавје. Земјоделците ги изнесоа проблемите кои ги имаат со нефункционалното наводнување на земјоделските површини. Пред почетокот на сезоната за наводнување, каналите за наводнување не се исчистени, практика која по укинувањето на функционалните водни заедници, веќе трета...

ВМРО-ДПМНЕ: Георгиевски гласа против чистење канали, па приговара што не се чистат

„Борче Георгиевски без трошка срам излегува на прес-конференција и говори за чистење канали, иако самиот како советник во Општината Гази Баба гласаше против нивното чистење. Каналите во општина Гази Баба се чистат редовно и тоа го знаат и советниците на СДС кои на седниците на Советот на Општината ги гледаат извештаите за исчистените канали“, одговори ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на...

МЗШВ плати 207.000 евра долг за системот за наводнување на Јужно-вардарска Долина

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска плати 207.000 евра заостанат долг, за консултантски услуги за втората фаза од проектот „Програма за наводнување Јужно-вардарска Долина“. На овој начин, како што информираат од министерството, се откочува реализацијата на проектот, која беше блокирана поради тоа што претходната влада не плаќала редовно за консултантски услуги во изминатите две години. „Со подмирувањето на долгот овозможивме меѓународниот...

ЕВН Македонија апелира да се внимава при земјоделски работи под далноводите

ЕВН Македонија ги повикува земјоделците внимателно да ракуваат со земјоделската механизација и опрема во близина на далноводите, а посебно да внимаваат при ракување со опремата за наводнување. Mеталната опрема како што се цевки за наводнување и разни видови на прскалки, во никој случај не смее да дојде во директен допир или да се приближува до каблите. Не смее да се...

„Стрежево“ ја остави жедна Пелагонија

На пеколна температура од 40 Целзиусови степени, земјоделците во Пелагониско се без вода, нивите им горат на силното сонце, а родот им пропаѓа, обвинуваат земјоделци. - Сè што вложивме во нивите, во системите капка по капка, сè пропадна. „Стрежево“ наместо да ни донесе вода по нивите, ни донесе сиромаштија. Системите не ни се исплатени, а веќе родот ни пропаѓа. На...

Грчкиот дипломат Рокас доаѓа на местото на Дејвид Гир како амбасадор на ЕУ за С. Македонија

Жосеп Борел, високиот претставник на Европската Унија, номинираше 44 нови шефови на делегации на ЕУ, вклучително и нови амбасадори на ЕУ во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна...