fbpx

Зеленски: Ние не напаѓаме руска територија

Украина, како што изјави претседателот Володимир Зеленски во Германија, не планира да врши напади врз руска територија

-

Единици на ракетните сили на Украина вчера погодиле руско командно место каде што имало концентрација на војници од шест области, соопштил Генералштабот на вооружените сили на Украина преку објава на Фејсбук, пренесе Укринформ.

Новинската агенција пренесува и дека вчера вечерта „уште еднаш руски терористи ја нападнале Украина со беспилотни летала“.

„Во моментов се утврдуваат последиците од овој напад. Во текот на изминатиот ден, непријателот изврши 11 ракетни напади, врз градовите Харков, Костијантинивка и селото Золочив. Покрај тоа, непријателот изврши 41 воздушен напад и 74 напади со ракетни фрлачи на позициите на украинските трупи и населби. Погодени беа цивили, а беа уништени и оштетени приватни станбени згради и друга цивилна инфраструктура“, се вели во објавата на Фејсбук.

Генералштабот предупреди дека веројатноста за ракетни и воздушни напади низ Украина останува висока.

Украина, како што изјави претседателот Володимир Зеленски во Германија, не планира да врши напади врз руска територија.

„Ние не напаѓаме руска територија“, рече тој по разговорите во Берлин со канцеларот Олаф Шолц.

„Подготвуваме контранапад за да ги деокупираме нелегитимно освоените територии“, додаде Зеленски, пренесе Би-Би-Си.

Шолц вети дека ќе ја поддржува Украина „сè додека е потребно“, ветувајќи оружје во вредност од 2,7 милијарди евра. 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска треба да допатува во Лондон каде што ќе се сретне со премиерот на Велика Британија, Риши Сунак. За посетата Зеленски информираше на својот профилна Твитер.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Гордата Гордана“ не можела да му се спротивстави на Мицкоски

Сиљановска-Давкова е претседателски кандидат, а за неколку дена ќе се знае дали ќе биде идниот претседател на државата. Затоа е чудно што онака ноншалантно кажува да не се очекува...