fbpx

Затрупана со 500 жалби, Комисијата за слободен пристап до информации чека доекипирање

-

Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер не може да функционира и да донесува одлуки, бидејќи недостигаат два члена, а мора да има петмина за да се донесат одлуките.

Поради тоа сега на докомплетирање на составот на комисијата чекаат околу 500 жалби, велат од Стручната служба на Комисијата.

– Стручната служба на Комисијата, односно Секретаријатот, работи постојано по жалбите и изготвува предлози, но резултатите не се гледаат, бидејќи не може да се донесат одлуки. Во моментов имаме накај 500 жалби и се чека Собранието да избере нови членови за да почне Комисијата за работа – изјавија денеска за „Мета“ од Секретаријатот на оваа комисија.

Единствената новина од септември е што на 18 октомври Собранието го назначи Блерим Исени, дотогашниот заменик – претседател за нов претседател на Комисијата, но работата е далеку од завршена, бидејќи треба да се изберат и членови, а постапката е заглавена во парламентот.

Комисијата е во ваква состојба по оставката на дотогашниот претседател Ѓорѓи Сламков и на двајца членови на 3 мај годинава. Потоа се распишаа два огласи, од кои првиот беше поништен, а постапката за вториот не се знае кога ќе заврши.

Србија и Унгарија ќе му предложат на регионот да се приклучи кон изградбата на брза пруга

Србија и Унгарија ќе ги поканат Северна Македонија, Албанија, Грција, Бугарија и Турција да се приклучат кон изградбата на брзата железница во регионот, која за почеток ќе ги поврзува...
Download WordPress Themes
Download WordPress Themes Free
Download Premium WordPress Themes Free
Download WordPress Themes
download udemy paid course for free
download huawei firmware
Download Best WordPress Themes Free Download
udemy paid course free download