Засилени контроли на угостителските објекти во Македонија

Полицијата вчера изврши контроли во 33 угостителски објекти, од кои 16 на подрачјето на Неготино и 17 на подрачјето на Кавадарци, при што биле изречени три глоби на физички лица, како и една глоба на правно лице според Законот за заштита од пушење, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Од МВР соопштија дека акциска контрола била направена и на 12 и 13 ноември во 29 угостителски објекти, од кои шест во Охрид, 16 во Берово и седум во Скопје. При тоа, во Охрид биле констатирани прекршоци за физичко и за правно лице според Законот за заштита од пушење, еден објект е затворен од страна на УЈП и констатиран е прекршок за нарушување на јавниот ред и мир. Во Скопје, исто така, биле констатирани прекршоци според Законот за заштита од пушење и три објекти се затворени од УЈП и од Пазарна инспекција, при што се поднесени соодветни поднесоци.

Во четвртокот и во петокот биле контролирани пет угостителски објекти во Струмица, при што биле констатирани два прекршоци за физички лица и еден за правно лице според Законот за заштита од пушење и во два угостителски објекти биле констатирани прекршоци од надлежност на УЈП.