fbpx

Заеми од ИФК за зајакнување на македонскиот банкарски сектор и за поттикнување на економијата

-

Меѓународната финансиска корпорација (ИФК), членка на групацијата на Светска банка, обезбеди заем во износ од 10 милиони евра за НЛБ Тутунска банка, третата најголема банка во Македонија, за да го поттикне нејзиниот развој и да го зацврсне банкарскиот сектор во земјава. НЛБ Љубљана, стратегиски партнер на НЛБ Тутунска банка, обезбеди дополнителен заем во износ од 11 милиони евра.

Субординираните заеми се квалификуваат како дополнителен капитал и се дел од стратегијата на ИФК да ги поддржи поголемите банки во регионот. Исто така, заемот ја истакнува посветеноста на ИФК и на НЛБ за поттикнување на економскиот развој во Западен Балкан.

– Трансакцијата само го зајакнува нашето стратегиско партнерство со ИФК. Новите заеми ќе ја поддржат нашата капитална позиција и ќе ни овозможат проширување на услугите – изјави Ѓорѓи Јанчевски, претседател на управниот одбор на НЛБ Тутунска банка.

Во 2010 година, ИФК обезбеди заем во износ од 25 милиони евра за НЛБ Тутунска банка, со што ѝ овозможи на банката да понуди кредити за мали и за средни претпријатија. ИФК, исто така, обезбеди и кредитна линија за документарно работење во износ од 3 милиони евра за поддршка на клиентите на банката, мали и средни увозници и извозници.

„Соработуваме со НЛБ Тутунска банка за да го зајакнеме банкарскиот систем во Република Македонија и за да се осигураме дека финансиите ќе стигнат до претпријатијата и до луѓето на кои им се потребни,“ изјави Томас Лубек, регионален менаџер на ИФК за Западен Балкан.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...