fbpx

За две недели 70 жалби за неисплатен К15

-

Две недели откако помина рокот за приватните компании да им исплатат регрес за годишен одмор, 70 лица пријавиле во Државниот инспекторат за труд (ДИТ) дека парите не им биле исплатени. Од овие 70 пријави, само осум биле анонимни, а останатите јавни.

Од Инспекторатот велат дека очекуваат да стигнат и други пријави.

– Пријавите се, главно, од работници кои работеле по шест месеци во фирмите, но откако им престанал работниот однос, регресот за годишен одмор не им бил исплатен. Засега има само 70 пријави, но поминаа само две недели од изминувањето на рокот. Очекуваме во наредните денови да има уште пријави – велат од инспекторатот.

Откако граѓаните ќе пријават дека не им е исплатен регресот, инспекторатот проверува и ако навистина работникот ги исполнувал условите за К15, а не му бил исплатен, носи решение со кое ѝ наложува на компанијата да го исплати регресот. Ако и покрај тоа фирмата не постапи според решението, инспекторатот поднесува барање за поведување прекршочна постапка против компанијата. Глобите за ова дело се за фирмата од 2.000 до 3.000 евра, а за одговорното лице од 500 до 1.000 евра.

Оние работници на кои не им е исплатен К15 можат да пријават преку интернет-страницата на ДИТ  и на телефонските броеви кои се објавени на нивната веб-страница.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...