fbpx

Македонија заинтересирана за брзата железница од Пиреја до Будимпешта

-

Македонија е заинтересирана да биде дел од проектот за изградба на пругата од пристаништето во Пиреја до Будимпешта.

Ова го истакна вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, на денешната средба со кинеската делегација, предводена од заменик-министерот за национален развој и комисија за реформи, Ксу Ксианпинг, заменикот на генералниот директор на кинеската железничка корпорација, Хуанг Мин, и од потпретседателот на кинеската Ексим банка, Сун Пинг.

На средбата, како што соопштија од кабинетот на вицепремиерот Пешевски, двете страни изразиле согласност да биде изработена студија за финансиска оправданост за трасата каде би поминувала пругата и за цената на проектот, по што би следувала втора фаза која би се однесува на утврдување на моделите за финансирање на проектот.

Вицепремиерот Пешевски посочил дека овој проект е од огромно значење за Македонија бидејќи ќе се поттикне економски пораст и ќе се отворат голем број нови вработувања, а Македонија ќе стане еден од главните транспортни коридори во Европа.

Двете страни ја нагласиле важноста на проектот за изградба на брза железница, нагласувајќи дека тоа ќе придонесе за развој на целиот регион, ќе помогне да се поврзат подобро сите земји и да се олеснат трговијата и транспортот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...