fbpx

Времето денеска потопло, со врнежи од дожд и од снег

-

Времето денеска ќе биде потопло, со врнежи од снег кој на планините се очекува да наврне до 20 сантиметри. На пониските места ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, претежно западен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус 3 до 2 Целзиусови степени, додека дневната ќе биде во интервал од нула до 9 степени.

Во Скопје и во околината се очекува слично време со утринска температура околу минус 1 Целзиусов степен и со дневна до 4 степени.

В недела ќе има преодно стабилизирање на времето, а од понеделник ќе почне период на претежно облачно време со повремени врнежи од снег со променлив интензитет. Од средината на неделата на пониските места, особено на југоисток, врнежите ќе бидат од дожд.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...