Во петок прогласување на победниците на конкурсот за НајООР наставник од основното образование

На 20 ноември (петок), со почеток од 13:00 часот, ќе се одржи краток онлајн настан преку платформата Zoom, каде Фондацијата Метаморфозис ќе ги објави победниците на овогодинешниот конкурс „НајООР наставник/наставничка од основното образование за 2020 година“.

На настанот ќе се обратат Ќендреса Сулејмани, програмска директорка во Фондацијата Метаморфозис, и Наташа Анѓелеска, постара програмска координаторка во Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Настанот ќе може да се следи преку овој линк.

Проектот „Иницијатива за отворени образовни ресурси“ кој го спроведува Фондацијата Метаморфозис има за цел да влијае на подигање на свеста и капацитетот на академската јавност за создавање и користење на отворени образовни ресурси во Република Северна Македонија.