Оваа недела, на 11 декември, во Скопје ќе се одржи интернационалниот пливачки натпревар за млади женски и машки пливачи и лица со атипичен развој „Atlas Winter Cup“. Организатори на настанот се Здружението на граѓани Спортско друштво „ИТК Македонија“ и пливачкиот клуб „Атлантида“.
Целта на натпреварот е да се мотивираат сите млади кон инклузивност и заедничка соработка.
„Следејќи го основното право на среќа за сите деца и инклузивност на децата со атипичен развој и инвалидизираните лица, овој уникатен настан е од големо значење за социјалниот развој на нашето општество“, велат организаторите на „Atlas Winter Cup“.
Меѓународниот пливачки натпревар ќе се одржи на базенот „Борис Трајковски“ и ќе започне во недела во 11 часот.