Фото: Арбнора Мемети

Во сите ковид центри во болниците во земјава се лекуваат 608 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот и има околу 559 празни болнички кревети, соопшти Министерството за здравство. Од оваа вкупна бројка, на инфективните оддели во Скопје се лекуваат 274 лица, а 334 се во ковид центрите во другите градови.

Според извештаите до Министерството за здравство во последните 24 часа, во Битола се хоспитализирани 25 пациенти, во Штип 37, на инфективното одделение во Тетово има 13, во Велес се лекуваат 22 болен, а во Куманово 45 пациенти позитивни и суспектни на корона вирус. Во болницата во Охрид има 65 пациенти, во Прилеп 19, во ковид центарот во Гостивар 17, а во Струга 24 болни. Во Струмица лежат 18 пациенти, во Кочани 5, во Кичево 12, во Кавадарци 17, во Гевгелија 2 лица, а во Дебар 13.

Во последното деноноќие во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 25 нови пациенти, а вкупно 274 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели. На интерните клиники имало 9 нови приеми, во ГОБ „8 Септември“ 6, а на Инфективната клиника 10 во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 16 оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника се лекуваат 21 пациент, на Клиниката за неврологија 19, на Институтот за ТБЦ 24 пациенти, на Клиниката за нефрологија се сместени 18 пациенти, а на Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 12 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 87 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 83 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 7 пациенти.
Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен, соопшти Министерството за здравство, а утрово до 8 часот имало 124 слободни места.