fbpx

Во Кавадарци ќе се гради дневен центар за лица со телесна и ментална попреченост

Вредноста на опремата во дневниот центар се проценува на 1.720.440 денари, износ кој ќе биде обезбеден од Министерството за труд и социјална политика

-

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев денес потпишаа договор за соработка, согласно којќе се гради дневен центар за лица со телесна и ментална попреченост во оваа општина. Центарот ќе има капацитет за 24 корисници.

„Вкупната проценета вредност на проектот е 40.856.910 денари. Министерството за труд и социјална политика ќе обезбеди 90 отсто од парите, а општината Кавадарци 10 отсто. Вредноста на опремата во дневниот центар се проценува на 1.720.440 денари, износ кој во целост ќе биде обезбеден од страна на министерството“, рече Тренчевска.

Taa кажала дека општина Кавадарци продолжува да биде проактивна, преку соработка со централната власт до унапредување на социјалната заштита.

Предвидените активности се согласно Програмата на Владата за изградба, опремување и одржување на објекти за социјална заштита и домови за стари лица за 2023 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Очајна екипираност – во просек еден обвинител има по 180 нови предмети годишно

Во просек, на годишно ниво секој јавен обвинител од основно обвинителство работел на по околу 180 нови предмети, покажува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2023 година...