fbpx

Во февруари пристигнуваат првите 5.850 вакцини на „Фајзер“ против ковид-19

-

Република Северена Македонија ќе добие 800.000 вакцини против ковид-19 од производителот „Фајзер“, а првите дози ќе пристигнат во февруари, информираат од Министерството за здравство и додаваат дека министерот за здравство Венко Филипче, во директни преговори со овој производител, обезбедил вакцини за цела 2021 година.

„Договорот беше дефиниран утрово во телефонски разговор на министерот Филипче и висок претставник на компанијата, производител на вакцини против ковид-19. Првите 5.850 дози вакцини на „Фајзер“ ќе стигнат во февраури, потоа ќе следува пратка со поголема количина во март, април, а динамиката за цела 2021 година дополнително ќе се утврди“, соопштија од Министерството за здравство.

РСМ навремено почна со подготовките за вакцинација против ковид-19 и постоечката функционална здравствена инфраструктура, каде досега се врши вакцинација за други болести, е подготвена за имунизација против корона.

Вакцините на „Фајзер“ се чуваат во фрижидери на мунус 70 степени целзиусови, а тие во нашата земја ќе пристигнат месецов. Регулаторните медицински агенции, европската ЕМА и американската ФДА веќе имаат дадено одобрение за вакцината на Фајзер.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Очајна екипираност – во просек еден обвинител има по 180 нови предмети годишно

Во просек, на годишно ниво секој јавен обвинител од основно обвинителство работел на по околу 180 нови предмети, покажува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2023 година...