четврток, 4 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: Фајзер – Бионтек | 20 резултати

Вистиномер: Нема докази дека вакцината на „Фајзер“ предизвикува згрутчување на крвта

18 февруари 2022

Не постојат медицински докази дека вакцината на „Фајзер“ ја оштетува човечката крв, односно, дека ја онеспособува да го носи кислородот низ крвотокот. Консензусот на медицинската заедница која третира пациенти со ковид, не соодветствува со ова тврдење, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Пост на Фејсбук шири дезинформации за безбедноста на […]

Вистиномер: Не е вистина дека различни серии од вакцината на „Фајзер“имаат различен состав

27 јануари 2022

Во видеото паушално се тврди дека различни серии од вакцината на „Фајзер“ имаат различен состав и дека од одредени серии има процентуално повеќе починати пациенти. Вакцината на „Фајзер“ е иста во сите држави, се произведува во контролирани процеси и од националните влади и од интернационалните регулатори и од самиот производител.  Дополнително, ВАЕРС не смее да […]

Вистиномер: мРНК вакцините немаат влијание врз бојата на млекото на мајките доилки

26 јануари 2022

На објавата ѝ недостига контекст, односно важната информација од Упатството на ВАЕРС како да се толкуваат подтоците коишто се објавуваат во системот. Извештаите до ВАЕРС можат доброволно да ги достават сите, вклучително и давателите на здравствени услуги, пациентите или членовите на семејствата. Извештајот за несакан настан до ВАЕРС не е доказ дека вакцината е причина […]

Вистиномер: Не е точно дека никој во „Фајзер“ и „Бионтек“ не се вакцинирал против ковид

12 ноември 2021

Изјава на доктор Угур Сахин, еден од основачите на компанијата „Бионтек“, дадена на крајот на 2020 година, е злоупотребена во постот за лажно да се тврди дека вработените, сопствениците и директорите на „Фајзер“ и „Бионтек“ не се вакцинирани. Тоа не е точно. Угур Сахин и неговата сопруга Озлем Туречи, исто така, основач на „Бионтек“, во […]

Денеска ќе пристигнат 110.612 вакцини на „Фајзер-Бионтек“ преку Ковакс-механизмот

22 септември 2021

Денеска ќе пристигнат 110.612 вакцини од производителот „Фајзер-Бионтек“, кои нашата земја ги купи преку Ковакс-механизмот, велат од Министерство за здравство. „До крајот на годината, преку Ковакс-механизмот е најавена испорака на уште 100.000 вакцини од производителот „Фајзер-Бионтек“. Пристигнатите вакцини, за кои има голем интерес кај населението, а кои се препорачуваат за имунизација и на деца над […]

Втор случај на делта-варијанта на корона вирус во земјава, Филипче очекува 600.000 вакцини до крајот на јуни

20 јуни 2021

Министерот за здравство Венко Филипче вчера потврди дека е откриен втор случај на заболено лице од делта-варијантата на корона вирусот во земјава, којшто првично беше регистриран во Индија. Тој дополни дека станува збор за колега на македонскиот државјанин кој првично беше откриен оти боледува од индискиот сој. И двете лица биле на работа во Ирак, […]

Околу 180.000 граѓани чекаат да примат прва доза вакцина, ќе се покријат со „Фајзер“, „Синовак“ и „Астра Зенека“

3 јуни 2021

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција изјави дека околу 180.000 македонски граѓани во моментов се наоѓаат на список и чекаат за да примат прва доза вакцина против ковид-19. На новинарското прашање дека нема доволно вакцини за аплицирање на прва доза за пријавените граѓани, тој рече дека веќе ги уфрлиле во системот 10.000-те вакцини […]

САД ја одобрија за користење вакцината на „Фајзер/Бионтек“ за млади од 12 до 15 години

11 мај 2021

По Канада, и САД ја одобрија за користење вакцината против ковид-19 на „Фајзер/Бионтек“ за младите на возраст од 12 до 15 години, пренесува „Гардијан“. Американската агенција за лекови (ФДА) ја издаде неопходната дозвола, со што младите лица кои имаат над 12 години ќе можат да бидат вакцинирани. Досегашното одобрение по итна постапка за користење на […]

Денеска 10.000 нови дози вакцини на „Фајзер“, во сабота 100.000 вакцини „Синофарм“ од кинеската армија

10 мај 2021

Вакцинацијата во земјава се одвива добро, околу 110.000 граѓани се веќе вакцинирани, од кои 23.000 се граѓани се ревакцинирани со втора доза. Ова денеска го изјави министерот за здравство Венко Филипче, кој дополни дека денеска пристигнуваат околу 10.000 вакцини на „Фајзер“. Половина од нив се од директниот договор со производителот, а другата половина преку солидарниот […]

Фајзер и Бионтек поднесоа барање до ЕМА за одобрување на нивната вакцина за деца од 12 до 15 години

30 април 2021

Фајзер и Бионтек потврдија дека до Европската агенција за лекови (ЕМА) поднеле барање за проширување на примената на нивната вакцина против корона вирусот кај деца на возраст од 12 до 15 години. Компаниите претходно овој месец поднесоа слично барање до регулаторното здравствено тело во САД, а вакцината е веќе одобрена за употреба кај луѓето на […]

Стапува на сила трипартитниот договор со Австрија и „Фајзер/Бионтек“ за набавка на 119.600 вакцини

20 април 2021

По најавата од Европската комисија во декември минатата година за обезбедување на механизам за распределба на вакцини за земјите од Западниот Балкан преку репрограмирање на ИПА-средства во износ од 70 милиони евра, Секретаријатот за европски прашања информира дека денеска стапува на сила трипартитниот договор помеѓу Северна Македонија, Австрија и „Фајзер/Бионтек“ за набавка на 119.600 дози […]

ЕУ ќе добие дополнителни 50 милиони дози на вакцината „Фајзер“ до крајот на јуни

14 април 2021

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лаен денеска информираше дека е постигнат договор за испорака на дополнителни 50 милиони дози од вакцината „Фајзер“ со производителот. Со ова, од „Фајзер/Бионтек“ земјите од ЕУ во вториот квартал од годинава ќе добијат вкупно 250 милиони дози од оваа вакцина за имунизацијата на населението, пренесува Јуроњуз. Таа се […]

Медиа Плус: Таравари дезинформира со тврдењето дека македонската влада не нарачала 800.000 вакцини преку Ковакс

19 февруари 2021

Тврдењето на поранешниот министер за здравство Арбен Таравари во текот на гостувањето на ТВ Алсат М (18.02.2021), дека за Македонија се резервирани само 103.200 дози на вакцини е неточно и со тоа тој ја дезинформира јавноста, пишува „Медиа Плус“ во својата анализа, што ја пренесуваме во целост. „Јас го проверувам, сега го гледам системот Ковакс […]

Основачите на „Бионтек“: Како што видовме, развојот на лекови може да се одвива многу брзо

6 јануари 2021

Во интервју за германскиот неделник „Шпигел“, основачите на „Бионтек“ (BioNTech), компанијата која заедно со „Фајзер“ (Pfizer) ја разви првата вакцина против ковид-19 во светот, зборуваат за нивниот успех, за производството на вакцината и идниот развој на вакцини и лекови. На чело на оваа германска компанија основана во 2008 година се Угур Сахин и Озлем Туречи, […]

Во февруари пристигнуваат првите 5.850 вакцини на „Фајзер“ против ковид-19

4 јануари 2021

Република Северена Македонија ќе добие 800.000 вакцини против ковид-19 од производителот „Фајзер“, а првите дози ќе пристигнат во февруари, информираат од Министерството за здравство и додаваат дека министерот за здравство Венко Филипче, во директни преговори со овој производител, обезбедил вакцини за цела 2021 година. „Договорот беше дефиниран утрово во телефонски разговор на министерот Филипче и […]

Вистиномер: Нема доказ, ниту индиции, дека новите вакцини против ковид-19 можат да менуваат генетска структура на човек

17 декември 2020

Покрај антиваксерите, и експерт за заразни болести изнесува тврдење дека со новите вакцини на Фајзер и Модерна ќе се интервенирало во човековата генетска структура. Но, десетина други професори од други универзитети таквото тврдење веќе го имаат демантирано, наведувајќи дека mRNA вакцините не можат да влијаат врз ДНК, главниот носител на информациите во човечката генетска структура, […]

Страна 1 од 1