fbpx

Во акција на Интерпол против криминал со моторни возила во земјава се одземени 10 возила и еден мотоцикл под сомнение за фалсификат

-

Министерството за внатрешни работи во соработка со Царинската управа, Јавното обвинителство, Пазарната инспекција и Управата за јавни приходи, во тесна координација со Генералниот секретаријат на Интерпол, учествуваше во глобална операција против криминал со моторни возила, координирана од Генералниот секретаријат на Интерпол, соопштија од МВР.

Операцијата беше спроведена во 77 држави, при што во овие држави откриени се 1.121 украден автомобил и 64 мотоцикли.

Според податоците на МВР, на територијата на Република Северна Македонија за време на акцијата беа извршени 1.540 проверки на лица и 1.467 моторни возила. Одземени се 10 возила и еден мотоцикл под сомнение за фалсификат.

Исто така, при преглед на плац за продавање на делови за моторни возила т.н. авто отпад извршена е идентификација на 62 возила за кои е утврдено дека имало избегнати давачки, со што правното лице и одговорното лице на правниот субјект сториле Кривично дело по член 278-б став 1 и став 3 од Кривичниот законик.

МВР апелира до граѓаните да внимаваат при купување на половни моторни возила и увоз од странство, особено на веродостојноста на документите и потеклото на возилото согласно законодавството во државата од каде се увезува.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...