fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Целта на СЈО е елиминација на ВМРО-ДПМНЕ заради слабеење на државата

-

„СЈО води политички процес, чија цел е политичка, а не правна, и притоа без да има какви било докази се води хајка против цела една партија. Стотина лица од клучните тела на ВМРО-ДПМНЕ се политички обвинети, без постоење на докази“, велат од ВМРО-ДПМНЕ во нивното редовно утринско соопштение.

„Целта на СЈО е елиминација на ВМРО-ДПМНЕ заради слабеење на државата. СЈО се претвори во канцеларија на СДС. СЈО е алатка за присила врз ВМРО-ДПМНЕ затоа што цели 11 години ВМРО-ДПМНЕ беше на браникот на одбраната на државните и на националните интереси на Македонија, одолеа на многу притисоци и закани. Во наредниот период, секогаш кога ќе се појават теми како решавањето на проблемот за името и договор со Грција, штетниот договор со Бугарија, редефинирање на државата, продажба на ЕЛЕМ, штетни и криминални договори или законот за јазици, ќе се активира СЈО. Тоа е нивната димна завеса“, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека бргу ќе дојде времето кога сите што ги повредиле процедурите, законите и нанеле зло, ќе одговараат за своето однесување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патоказот со ФИРОМ во Грција не е поставен сега, туку постои барем две години

Вакви патокази во Грција постојат барем две години, а некои и од пред потпишувањето на Преспанскиот договор. Поранешниот премиер Зоран Заев за грчките медиуми уште лани изрази очекување дека...