fbpx

Влогот на македонски резиденти во странски хартии од вредност достигна 402 милиони евра

-

Состојбата на средствата врз основа на портфолио-инвестиции (вложувања на резиденти во странски хартии од вредност) на 30.06.2020 година изнесувала 402,3 милиони евра, од кои 367,7 милиони евра се вложувања во сопственички, додека 34,6 милиони евра во должнички хартии од вредност, покажуваат најновите податоци на Народната банка.

Анализирано по земји, најголеми портфолио-инвестиции има во Соединетите Американски Држави во износ од 284,1 милиони евра и Германија од 40,8 милиони евра. Од аспект на оригиналната валута на вложување, најголем дел од портфолио-инвестициите се направени во американски долари и во евра (од 291,6 и 99,1 милиони евра, соодветно).

„Анализирано од аспект на секторот на домашниот инвеститор, осигурителните друштва и пензиските фондови имаат доминантно учество, чијашто состојба на портфолио-инвестиции изнесува 332,7 милиони евра, што претставува 82,7 отсто од вкупните портфолио-инвестиции, на крајот од првото полугодие на 2020 година. Според секторот на нерезидентниот издавач, доминантно учество имаат вложувањата во хартии од вредност издадени од останатите финансиски институции (освен пензиски фондови и осигурителни друштва и фондови на пазар на пари) и нефинансиските друштва (од 272,4 и 75,2 милиони евра, соодветно)“, информираат од Народната банка.

Оттаму објаснуваат дека портфолио-инвестициите ги опфаќаат вложувањата во странски сопственички капитал, односно сопственички хартии од вредност и акции и удели во инвестициски фондови, каде што инвеститорот (резидент) поседува помалку од 10 отсто од акционерскиот капитал, како и вложувањата во странски должнички хартии од вредност.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...