Нови 438 случаи на ковид-19 од 2.306 тестови, оздравеа 191 пациент, починаа 6 лица

Фото: Арбнора Мемети

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа од направени 2.306 тестирања, регистрирани се 438 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-200, Куманово-21, Дебар-1, Штип-17, Прилеп-13, Тетово-27, Велес-7, Битола-18, Охрид-16, Кавадарци-9, Гостивар-2, Гевгелија-10, Струмица-30, Крива Паланка-6, Радовиш-6, Кочани-15, Пробиштип-1, Пехчево-3, Берово-2, Валандово-3, Виница-3, Делчево-5, Кратово-1, Свети Николе-3, Кичево-9, Ресен-5, Неготино-5.

Интитутот за јавно здравје објави дека има 191 оздравен пациент од: Скопје-85, Куманово-12, Дебар-1, Штип-9, Прилеп-7, Тетово-10, Битола-4, Кавадарци-7, Гостивар-5, Гевгелија-4, Крива Паланка-1, Радовиш-5, Кочани-21, Пробиштип-1, Берово-6, Виница-2, Делчево-1, Свети Николе-5, Кичево-2, Ресен-2, Неготино-1.

Во болнички услови починати се 6 лица, тројца пациенти од Скопје (75, 89 и 68г), од Крива Паланка (62г), Струмица (64г) и пациент од Штип (78г).

Досега во земјата се направени вкупно 216.541 тестирања на ковид-19, вкупната бројка на дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 22.607, на оздравени е 16.949, а починати се 821. Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.837. И денеска во Скопје се уште е најголем бројот на дијагностицирани случаи, 9.349 и на активни случаи, 2.290.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 11 пациенти, вкупно се хоспитализирани 95, на кислородна поддршка има 65 пациенти, а нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се 6 деца и 8 мајки позитивни на ковид-19, 2 деца и 2 мајки суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ има 6 приеми, а вкупно хоспитализирани се 46 пациенти. На респиратор се 2 пациенти. Во болницата во Битола се примени 36, а во Штип 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 229, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска најмногу има во Аеродром- 456, Центар-394 и Карпош–392.