Влезниците за Саем на книга од денеска може да се купат онлајн

Влезниците за Саем на книга 2020 од денеска ќе може да се купат и онлајн преку  електронскиот систем Karti.com.mk по цена од 30 денари.

Саемот за книга ќе се одржи од 8 до 14 септември на отворено во А1 Арена СЦ „Борис Трајковски“, кај Аква Паркот под монтажни објекти.

На Саемот ќе учествуваат повеќе од 40-тина издавачки куќи кои најавија дека ќе ги претстават своите најнови изданија, како и голем број на промоции и големи саемски попусти до 70 проценти.

Организаторите истакнуваат дека преземени се сите безбедносни мерки за заштита на јавното здравје, поради кои Саемот на книга за прв пат се одржува на отворен простор.