fbpx

Владата прогласи кризна состојба поради пожарите во траење од 30 дена

Со одлуката, се задолжува и МВР да ангажира полициски сили во функција на поддршка при гасење на пожарите

-

Владата на вчерашната седница што се одржа доцна вечерта, како резултат на топлотниот бран и состојбата со пожарите, донесе повеќе одлуки, меѓу кои и одлуката за постоење на кризна состојба заради зголемена појава на пожари на територијата на Република Северна Македонија.

Периодот на постоење на кризна состојба ќе биде во траење од 30 дена.

Со одлуката, се задолжува МВР да ангажира полициски сили во функција на поддршка при гасење на пожарите, Министерството за здравство и здравствениот персонал од општа и медицина на трудот треба да бидат во приправност за времетраењето на кризната состојба, а Министерството за финансии треба да обезбеди дополнителни наменски финансиски средства доколку за тоа се покаже потреба.

Понатаму, Владата му предлага на Претседателот да одлучи за учество на дел од припадниците на Армијата на Република Северна Македонија (вид и број на сили и капацитети на армиските единици, намена и задачи за кои се бараат и времетраењето на активноста и ангажираноста на армиските единици), во справувањето со кризната состојба. Се задолжува Главниот штаб за управување со кризи при Центарот за управување со кризи, да ги следи состојбите, да координира со активностите и редовно да ја информира Владата.

„Главниот штаб при Центарот за управување со кризи веднаш да започне со подготовка на акциски план за превенција и справување со пожарите, како и целосен преглед на расположливи човечки и материјално – технички ресурси и план за координирано дејствување“, се вели во владиното соопштение.

Владата упати апел до граѓаните за внимателност при движењето во шуми и шумските појаси и областите зафатени со пожари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По една ѕвезда на Широк сокак за лауреатите на Златна Камера 300 за животно дело

На годинашното јубилејно 45. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ по прв пат на Широк сокак во Битола, ќе бидат откриени ѕвезди на сите досегашни добитници...