Извор на фотографија: Влада на РСМ

Вкупно 90 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија и тоа 26 во Скопје и 64 во ковид центрите во земјава, информираат од Министерство за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје и во земјава има хоспитализирано 10 нови пациенти поради компликации од корона вирусот.

„Во Скопје е примен еден пациенти и 9 во болниците низ земјава. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 22 оздравени пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 9 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 17 пациенти,“ се вели во соопштението.