fbpx

Велосипедски марш за подигнување на свеста за поголема безбедност

-

Граѓанската организација „Уметност на живеење Македонија“, коалицијата „Боите на животот“,и „Скај блу медија“ ќе организираат велосипедски марш, за подигнување на свеста за поголема безбедност на велосипедистите, на 9 мај (сабота), со почеток во 12 часот пред Порта „Македонија“.

Целта на настанот е сообраќајна едукација на сите учесници во сообраќајот, препознавање на ризиците и на опасностите во него и подигнување на свеста за поголема безбедност на велосипедистите во сообраќајот.

Маршот се приклучува кон „Кампањата за поголема безбедност во сообраќајот“, која се реализира во цела Македонија од Републичкиот совет за безбедност на собраќајот, Министерството за внатрешни работи и други граѓански организации и партнери.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...