fbpx

Улични борби во Харкив, горат складишта за нафта и гас југозападно од Киев

-

Руските сили ги нападнаа складиштата за нафта и гас во Украина, предизвикувајќи огромни експлозии, изјавија официјални лица во неделата, додека западните сојузници подготвуват нови санкции, вклучително и протерување на клучните руски банки од главниот глобален платен систем, пренесе Ројтерс.

Запален е нафтениот терминал во Василков, југозападно од Киев, рече градоначалникот на градот. Објави на интернет покажуваа експлозиите пропратени со огромен пламен и црн чад на ноќното небо.

Руски сили навлегоа и во вториот по големина град во Украина, Харкив, каде што руските војници разнесоа гасовод за природен гас, соопшти украинската државна агенција.

Шефот на регионалната администрација во Харкив, Олег Синегубов, рече дека лесни воени возила се пробиле во градот.

Пред неговата изјава, се појавија снимки на социјалните мрежи од руски воени возила на улиците на градот, кој се наоѓа на 20 километри од границата со Русија на североистокот од земјата.

Синегубов ги повика граѓаните да останат дома, велејќи дека има руски трупи во центарот на градот.

Украинските сили ги спречуваат руските трупи кои напредуваат кон главниот град Киев, рече претседателот Володимир Зеленски. Тој инвазијата ја оцени како најголемиот напад врз европска држава од Втората светска војна.

Зеленски рече дека ноќта била брутална, со гранатирање на цивилната инфраструктура и напади на сè, вклучително и амбулантни возила.

Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот започна, како што ја нарече, специјална воена операција, игнорирајќи ги повеќенеделните предупредувања од Западот и велејќи дека „неонацистите“ кои владеат со Украина ја загрозуваат безбедноста на Русија – обвинение за кое Киев и западните влади велат дека е неоснована пропаганда.

Нудејќи трошка надеж за преговори, Кремљ соопшти дека делегација пристигнала на разговори во соседна Белорусија и дека ги чека Украинците. Но, Зеленски ги отфрли разговорите во Белорусија велејќи дека е соучесник во инвазијата, сепак ја остави вратата отворена за преговори на друго место.

 

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Очајна екипираност – во просек еден обвинител има по 180 нови предмети годишно

Во просек, на годишно ниво секој јавен обвинител од основно обвинителство работел на по околу 180 нови предмети, покажува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2023 година...