fbpx

Туризмот во колапс, во јуни имало за 95,6 отсто помалку туристи и за 94,6 отсто помал број на ноќевања

-

Туристичката дејност која се најде меѓу првите најпогодени од пандемијата со корона вирусот, продолжува да бележи катастрофални резултати. Според денешните податоци на Државниот завод за статистика, ДЗС, во јуни бројот на туристите изнесувал 5.210, а на остварените ноќевања 14.179. При тоа, туристи имало за 95,6 отсто помалку во споредба со истиот месец лани, а остварени ноќевања за 94,6 отсто.

Бројот на домашните туристи, пак, во јуни оваа година, во однос на истиот месец минатата година, е намален за 88,9 отсто, а на странските туристи е помал за 97,9 отсто.

Домашните туристи оствариле за 90,1 отсто помалку ноќевања, а странските за 96,6 отсто, споредено со месец јуни 2019 година.

Во првите шест месеци од годинава, јануари-јуни, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е намален за вкупно 71,8 отсто и тоа: кај домашните туристи падот е 64,8 отсто, а кај странските 74,8 отсто. Во шесте месеци од 2020 година, во однос на истиот период од 2019, вкупниот број на ноќевањата е помал за 71,3 отсто, кај домашните туристи намалувањето е за 64,1 отсто, а кај странските 75,3 отсто, објави ДЗС.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од понеделник, 29 април па до 6 мај, ќе бидат на пролетен распуст. Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе...