fbpx
Таг: странски туристи

таг: странски туристи

Поради журките, туристичкиот рај за млади – островот Миконос постана жариште на ковид-19

Атрактивниот грчки остров за летување, Миконос, од вчера го напуштаат странските туристи кои масовно си заминуваат, откако е воведен пет часовен полициски час во траење од една недела, како и други мерки, заради спречување на ширење на вирусот ковид-19. Според новите правила на грчките власти, музиката е забранета во ресторани, кафулиња и клубови и само на оние лица кои одат...

ССКМ издава меѓународен сертификат „Знак за безбеден туризам“ за сигурност на домашните и на странските туристи

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ) во соработка со Министерството за економија, со цел да се гарантираат безбедни услови за престој и за користење на услуги во угостителските објекти, хотелите, мотелите, автокамповите, издава меѓународно признат сертификат за безбедност „Safety Travel Stamp“ односно „Знак за безбеден туризам“. Како што соопштија од ССКМ, со овој сертификат се потврдува дека објектите...

Странските туристи бесплатно ќе се тестираат при посета на земјава

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на денешната прес-конференција најави бесплатни ПЦР-тестови за странските туристи кои планираат да ја посетат нашата земја во текот на претстојнава сезона. Станува збор за една од мерките што спаѓа во шестиот антиковид пакет за економијата што го планира владата, а со цел да се стимулира туризмот во земјава. Битиќи денеска спомена оти годинава се...

Бројот на туристи продолжува да опаѓа, во февруари регистрирано намалување од 41,7 отсто

И една година од почетокот на ковид-19 пандемијата во нашата земја, туризмот бележи негативен резултат во однос на бројот на туристи и остварените ноќевања. Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во февруари 2021 година изнесувал 27.569, а бројот на ноќевањата изнесувал 60.013. Бројот на туристите во февруари 2021 година, во однос на февруари 2020 година, бил...

Бројот на туристите во земјава во јануари бил намален за 49,2 отсто

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јануари 2021 година изнесувал 28.102, а бројот на ноќевањата изнесувал 65.031. Бројот на туристите во јануари 2021 година во однос на јануари 2020 година е намален за 49,2 отсто, а бројот на ноќевањата е намален за 40,7 отсто. Од вкупниот број на туристи, во првиот месец од годинава имало...

Ковид-19 лани го намали бројот на туристи во земјава за речиси 720.000 во однос на 2019 година

Kamen most lugje Ibni Pajko
Огромни финансиски штети претрпел туристичкиот сектор во земјава како последица на ковид-19 пандемијата. Во 2020 година, бројот на туристи се намалил на 467.514, наспроти регистрираните 1.184.963 домашни и странски туристи што ја посетиле Македонија во 2019 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Најголемо е намалувањето кај странските туристи, па така македонските туристички центри лани ги посетиле 118.206 гости...

Ваучерите за домашен туризам го ублажија падот на бројот на туристи во август во земјава

Доделените ваучери за домашен туризам од владата ја спасија туристичката сезона во земјава. Бројот на туристите во август 2020 г. бил намален за 38 отсто, а бројот на ноќевања опаднал за 24 отсто во споредба со идентичниот период лани. Сепак, домашните туристи во август биле побројни за 9 отсто во однос на истиот месец од минатата година, а оствариле...

ДЗС: Во јули за 94,9 отсто помалку странски туристи

Туризмот во земјава продолжува да бележи катастрофални резултати како последица на ковид-кризата, која најмногу го погоди токму туристичко-угостителскиот сектор. Според последните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС) за месец јули 2020, бројот на домашните туристи, во однос на јули 2019 година, е намален за 4,8 отсто, а на странските за 94,9 отсто. Бројот на странските туристи во јули 2020...

Туризмот во колапс, во јуни имало за 95,6 отсто помалку туристи и за 94,6 отсто помал број на ноќевања

Туристичката дејност која се најде меѓу првите најпогодени од пандемијата со корона вирусот, продолжува да бележи катастрофални резултати. Според денешните податоци на Државниот завод за статистика, ДЗС, во јуни бројот на туристите изнесувал 5.210, а на остварените ноќевања 14.179. При тоа, туристи имало за 95,6 отсто помалку во споредба со истиот месец лани, а остварени ноќевања за 94,6 отсто. Бројот...

Короната удри по македонскиот туризам, само во мај се загубени речиси 100.000 гости

Милионски загуби изразени во евра претрпува македонскиот туризам како последица на пандемијата со ковид-19 што ја зафати нашата земја. Само во мај 2020 година, бројот на туристи се намалил за речиси 100.000 гости во споредба со идентичниот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). За разлика од минатата година, кога во мај имало 98.998 туристи, годинава во...

Ковид-19 доведе до намалување на бројот на туристи од 47,9 отсто во првите четири месеци

Туристичкиот сектор, како еден од првите кои се најдоа на удар на корона кризата, веќе евидентира негативни резултати. Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), вкупниот број на туристи во април годинава, во однос на истиот месец лани, е намален за 99,1 отсто, а на ноќевањата за 97,2 отсто. При тоа, бројот на домашните туристи во април, во споредба...

Корона вирусот во март го намали бројот на туристи во земјава за 67,3 отсто

По континуираниот раст на македонскиот туризам во изминатите неколку години, епидемијата на корона вирусот доведе до намалување на бројот на туристи во земјава. Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристи во март 2020 година изнесувал 17.943, кои оствариле вкупно 41.948 ноќевања. Бројот на туристите во март 2020 година, во однос на март 2019 година, бил намален за...

Бројот на домашни и странски туристи во јануари зголемен за 12,7 отсто

55.266 домашни и странски туристи во јануари 2020 година ги посетиле туристичките локалитети во нашата земја, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Бројот на ноќевања изнесува 109.733. „Бројот на туристи во јануари 2020 година, во однос на јануари 2019 година, е зголемен за 12,7 отсто, а бројот на ноќевањата е зголемен за 6,9 отсто“, се вели во соопштението на...

Филипче: Доаѓаат 20 туристи од Сингапур и Јапонија, сите ќе бидат прегледани

Се очекува утре да дојдат 20 туристи од Сингапур и од Јапонија, па епидемиолози од Институтот за јавно здравје ќе ги пречекаат и прегледаат, информираше на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. Тој рече и дека засега нема забрана за локални настани, прашан што со најавите за помасовни собири на политичките партии што треба да се случат во наредниве...

Лани сме имале рекордни 1,2 милиони туристи, за 5,1 отсто повеќе од 2018-та

Македонија минатата година остварила рекорден резултат во бројката на домашни и странски туристи што ги посетиле туристичките локалитети. Во 2019 година се регистрирани 1.184.963 туристи, односно за 5,1 отсто повеќе во споредба со претходната година. Кај домашните туристи има зголемување од 1,9 отсто, додека порастот кај странските туристи е за 7,1 отсто во споредба со 2018 година. Како што...

Бројот на туристи до ноември е зголемен за пет отсто во однос на 2018 година

Во периодот од јануари до ноември 2019 година вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 2,6 отсто во однос на истиот период од претходната година, објави Државниот завод за статистика. Бројот на ноќевањата на домашните туристи остана на исто ниво, а кај странските има зголемување за 5,7 отсто. Туристичките локалитети во Македонија во периодот јануари - ноември 2019 година ги...

Во септември бројот на туристи пораснал за 12,8 отсто

Над 960.000 туристи, од кои над 600.000 странци, имале можност да се запознаат со нашата земја во првите девет месеци од годинава. Според податоците на Државниот завод за статистика, и во септември бил забележан пораст на бројката на туристи и остварени ноќевања во земјава. Бројот на туристи во деветтиот месец од годинава е зголемен за 12,8 отсто во споредба со...

Проблеми со редовната исплата на субвенции за донесените туристи

Долгите и комплицирани административни процедури за добивање на субвенции и нивната нередовна исплата се едни од основните причини поради кои странските тур - оператори ја заобиколуваат нашата земја, реагираат од туристичкиот сектор. Странските тур - оператори не можат со месеци да бидат исплатени за субвенциите што се даваат за донесените туристи во Македонија. Асим Меџедовиќ, генерален менаџер на туристичката агенција...

Намалување на бројот на туристи во јули

По минатогодишната рекордна сезона на гости, бројот на туристи и остварени ноќевања изминатово лето се намалува. Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), бројот на туристите во јули 2019 година изнесувал 171.862, кои оствариле 682.854 ноќевања. Бројот на туристите во јули 2019 година, во однос на јули 2018 година, е намален за 2,5 отсто, а бројот на ноќевањата...

СТЕП ќе развива заеднички туристички пакети за Полог и Елбасан

Проектот за зајакнување на иновативен туризам (СТЕП) почнувајќи од четврток, почнува со процесот на подготовка на туристички пакети кои би се реализирале во Полошкиот регион во Македонија и во регионот Елбасан во Албанија. Во рамките на програмата на подготвителни состаноци за прекугранични пакети на услуги и искуства, првиот ќе се одржи в четврток и петок во Елбасан. Се очекува учесниците...

Задутре започнува меѓународниот филмски фестивал „Cinedays“

Mеѓународниот фестивал на европски филм „Cinedays“, под слоганот „Од високо подобро се гледа“, ќе се одржи од 7 до 14 овој месец на повеќе локации низ Скопје - на...