Неодамнешните промотивни активности на Општина Охрид за позиционирање на градот на мапата на атрактивни туристички дестинации на Саемот за туризам во Москва, наидоа на голем пласман во руските медиуми.
Меѓу другите медиуми, Охрид се најде и на веб-страницата „Вотпуск“ која дневно ја посетуваат повеќе од 90.000 посетители, меѓу кои најбројни се претставниците на туристичките агенции, тур-оператори и потенцијалните туристи.
Претставници на туристички агенции, тур-оператори и медиуми го најавија своето учество на промотивната тура „Охрид 2017“, која Општина Охрид годинава ја организра во септември, а поканата во Москва ја упати градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.