Џихадистичката група Исламска држава веќе неколкупати употребила хемиско оружје на боиштата и може да произведе мало количество на хлор и на иперит, изјави директорот на ЦИА, Џон Бренан.
– Одреден број пати групата Исламска држава употребила хемиско оружје на боиштата – рече Бренан во интервју за „Си-Би-Ес“.
На прашањето дали тие можат да извезуваат хемиски материи за користење надвор од Ирак или Сирија, Бренан одговорил дека тоа е возможно.
– Затоа е важно да се прекратат патиштата за снабдување што ги користат џихадистите – рече Бренан.