fbpx

Трошоците за живот во мај, поголеми од априлските

-

Трошоците за живот во мај, во споредба со претходниот месец, се зголемиле за 0,5 отсто, објави Државниот завод за статистика. Тоа е резултат на повисоките индекси на свежото овошје за 4,4 проценти, мастите за 1,8 отсто, другите неспомнати прехранбени  производи за 1,6 отсто, конзервираната риба за 0,8 отсто, конзервираниот зеленчук за 0,7 отсто, рибата за 0,6 отсто, шеќер, џем, мед, чоколада и кондиторските производи за 0,5 отсто, лебот и житариците за 0,4 отсто и тестенините за 0,3 отсто.

Исто така, пораст на индексот на трошоците на животот е забележан и кај авионскиот превоз на патници за 11,2 проценти, течните горива за домаќинствата за 6,6 проценти, средствата за чистење и за одржување на станот за 4,6 проценти, обувките за 4,3 проценти, течните горива и мазива за 3,6 проценти, книгите за 3 проценти, туристичките аранжмани за 2,8 проценти, услугите за култура за 2,7 проценти.

Намалување на индексот на трошоците за живот во мај 2015 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај јајцата за 2,1 отсто, конзервираните месни производи за 0,5 отсто, месото и сувото овошје за 0,4 отсто, замрзнатиот зеленчук за 0,2 отсто.

Во мај, исто така, намалување на индексите на трошоците за живот е забележано и кај телефонските и факс-апарати за 8,4 проценти, лековите за 4,5 проценти, услугите за сместување за 2,2 проценти и гасот за домаќинствата за 0,6 отсто.

Индексот на трошоците за живот во мај 2015 година, во споредба со мај 2014 година, бележи пораст од 0,3 отсто, а индексот на цените на мало бележи намалување од 0,6 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...