Три нови случаи на ковид-19, сите од Скопје, починаа две лица

Фото: Polina Tankilevitch from Pexels

Министерство за здравство информира дека, според податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 1.601 тестирања, а се регистрирани 3 нови случаи на ковид-19 во Скопје.

Регистрирани се 15 оздравени пациенти од: Скопје – 6, Прилеп, Битола и Кичево – по 2, Тетово, Неготино и Виница по еден.

Пријавени се две починати лица: од Скопје (76) и од Куманово (75). Пациентите се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 856.274 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 155.627, на оздравени пациенти е 149.877, на починати е 5.477, а бројот на активни случаи изнесува 273.