fbpx

Трамп: Би ја охрабрил Русија да нападне членка на НАТО која не ги плаќа обврските

Портпаролот на Белата куќа истакна дека поранешниот претседател „охрабрува инвазија на најблиските сојузници од страна на крволочни режими“, а коментарот го означи како „ужасен и неоправдан“

-

Доналд Трамп изјави дека ќе ја „охрабри“ Русија да ја нападне секоја членка на НАТО која нема да ги плати своите сметки како дел од западната воена алијанса, пренесе Би-би-си.

На митингот одржан вчера, тој рече дека еднаш му рекол на шефот на НАТО дека нема да заштити ниту една нација која доцни со плаќањата и дека ќе ги „охрабри“ агресорите „да прават што по ѓаволите сакаат“.

Обраќајќи се на толпата за време на митингот во Јужна Каролина, Трамп рече дека ги дал своите коментари за Русија за време на состанокот на лидерите на земјите на НАТО.

Тој потсети дека лидерот на една „голема земја“ претставил хипотетичка ситуација во која не ги исполнува своите финансиски обврски во НАТО и дека бил нападнат од Москва. Истиот лидер прашал дали Соединетите Американски Држави во такво сценарио би ѝ помогнале на неговата земја.

„Му кажав: Не си платил? Ти си деликвент. Не, не би те заштитил, всушност би ги поттикнал да прават што сакаат. Мораш да платиш“, кажа Трамп.

Портпаролот на Белата куќа истакна дека поранешниот претседател „охрабрува инвазија на најблиските сојузници од страна на крволочни режими“, а коментарот го означи како „ужасен и неоправдан“. Додаде дека изјавата „ги загрозува американската национална безбедност, глобалната безбедност и домашната економија“.

Трамп, кој веројатно ќе биде републикански кандидат на годинешните претседателски избори во САД, долго време го критикува НАТО и го смета за претеран финансиски товар за САД во гарантирањето на одбраната на 30 други земји.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...