fbpx

Таравари: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

Тимовите интензивно работат на владината програма, но истовремено верувам дека од понеделник ќе почне и поделбата на ресорите, вели Таравари

-

Верувам дека следната недела ќе завршат преговорите за формирање на новата Влада, изјави денеска претседателот на Алијансата за Албанците и еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН, Арбен Таравари.

„Јас верувам дека следната недела преговорите ќе бидат завршени. Тимовите интензивно работат на владината програма, но истовремено верувам дека од понеделник ќе почне и поделбата на ресорите”, рече тој.

Таравари е оптимист дека финален договор за формирање Влада ќе биде постигнат до петок.

„Во моментов има многу позитивна атмосфера, има разбирање од двете страни и многу сум оптимист дека до петок, ќе го имаме финален договор за идната влада“, рече тој.

Во однос на случувањата во Управниот суд за донесување на решението за прегласување, Таравари рече дека претседателот на Управниот суд врши притисок врз судиите.

„Од утрово имам информации дека претседателот на Управниот суд врши притисок врз судиите кои треба да го одработат предметот за прегласување. Посакувам и се надевам дека судијата мисли дека судијата може да биде одговорен за сите, вклучително и за судијата, доколку продолжат да вршат притисок”, рече Таравари, додавајќи дека судиите треба да одлучуваат непристрасно и правично.

Тој коментира дека партијата ДУИ е навикната да го има судот под контрола.

„ДУИ е научена да има свој суд и под своја контрола, и се што се одлучува во Речица да одлучи и судијата. Сметам дека претседателот на судот треба да мисли дека по 15 јуни ќе има нова Влада и не е нормално да се врши притисок врз судиите да ја донесат одлуката”, рече Таравари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Претседателката Сиљановска Давкова го прими кинескиот амбасадор, Џанг Ѕуо

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими амбасадорот на Народна Република Кина, Џанг Ѕуо, соопштија од претседателскиот кабинет. На средбата било констатирано дека билатералните односи меѓу двете држави се основани...