fbpx

Талат Џафери го кажал уставното име кога давал заклетва во Собранието во 2020 година

Не е точно дека Талат Џафери во 2020 година при давањето свечена изјава за претседател на Собранието не го изговорил уставното име Република Северна Македонија, како што тврди објавата која ја анализираме. Напротив, Џафери го изговорил уставното име, што може да се види и на снимка објавена на Јутјуб

-

Не е точно дека Талат Џафери во 2020 година при давањето свечена изјава за претседател на Собранието не го изговорил уставното име Република Северна Македонија, како што тврди објавата која ја анализираме. Напротив, Џафери го изговорил уставното име, што може да се види и на снимка објавена на Јутјуб. Моментот кога Џафери читал свечена изјава во која изговорил „Република Македонија“, а кој го споделува објавата, е од 30 август 2020 година, кога изјавата по Џафери ја повторувале членовите на тогаш избраната Влада на чело со Зоран Заев, пишува Вистиномер. 

Текстот го пренесуваме во целост:

 

Анализираме објава на Фејсбук која тврди дека поранешниот спикер, Талат Џафери, сегашен премиер на техничката влада, во 2020 година, кога положил заклетва за претседател на Собранието, не го користел уставното име на државата Република Северна Македонија.

Каде беше Арбр тогаш: И Џафери во 2020 година се заколна во Република Македонија, стои во објавата.

Објавата споделува напис во кој вели:

Талат Џафери положи заклетва во 2020 година како претседател на Собраниетодве години после потпишувањето на Преспанскиот изговарајќи „Република Македонија“. Арбр Адеми веројатно заборавил во што се заколна „командантот Форина“. Па добро е да се потсети.

Под ова написот споделува видео од социјалната мрежа Икс на кое се слуша како тогашниот спикер Талат Џафери, држејќи папка во рацете, вели:

Ќе го почитувам Уставот и законите на Република Македонија.

Видеото е кратко и ја содржи само оваа изјава на Џафери, така што е нејасно кога и како е дадена истата.

Вистиномер побара видео од свечената изјава која Џафери ја дал кога полагал заклетва за избор на претседател на Собранието во 2020 година. Најдовме видео на Јутјуб објавено од Телма на 21 август 2020 година. Во видеото јасно се слуша дека Џафери во заклетвата го спомнал уставното име Република Северна Македонија.

Изјавувам дека функцијата претседател на Собранието на Република Северна Македонија ќе ја вршам совесно и одговорно и ќе ги почитувам Уставот и законите на Република Северна Македонија, вели Џафери.

Значи, не е точно дека Џафери при давањето свечена изјава во 2020 година за избор на спикер не го изговорил уставното име на државата.

Што се однесува до видеото споделено во објавата, истото е направено при изборот на владата на Зоран Заев на 30 август 2020 година, кога новите членови на Владата давале свечена изјава во Собранието.

На видеото објавено на Јутјуб од ТВ 24 може да се види дека дента кога се избрала владата, Џафери го носел истото сако како на снимката споделена во објавата која ја анализираме.

На друго видео, објавено од Гласот на Америка се слуша и делот каде што Џафери ја чита свечената изјава, а членовите на Владата повторуваат по него. Тука, Џафери не го изговара уставното име, туку вели Република Македонија.

Изјавувам дека функцијата ќе ја вршам  совесно и одговорно и ќе го почитувам Уставот и законите на Република Македонија, се слуша гласот на Џафери.

За ова впрочем пишувал и весникот „Нова Македонија“.

Не е точно дека Талат Џафери во 2020 година при давањето свечена изјава за претседател на Собранието не го изговорил уставното име Република Северна Македонија, како што тврди објавата која ја анализираме. Напротив, Џафери го изговорил уставното име, што може да се види и на снимка објавена на Јутјуб. Моментот кога Џафери читал свечена изјава во која изговорил „Република Македонија“, а кој го споделува објавата, е од 30 август 2020 година, кога изјавата по Џафери ја повторувале членовите на тогаш избраната Влада на чело со Зоран Заев. Поради сето ова, оценуваме дека објавата што ја анализираме е невистинита.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Мицкоски не кажал дека приоритет ќе му биде гасоводот со Србија

Иако Христијан Мицкоски зборувал за дополнителни интраконектори кон централна и централно-источна Европа, сепак од тоа не може да се изведе заклучок дека  кажал оти приоритет на Владата ќе биде...