fbpx
Таг: знаме

таг: знаме

Македонија во НАТО: Што добиваме, што даваме и како понатаму?

Со истовремено подигање на три македонски знамиња, две во Белгија и едно во САД, НАТО утре (понеделник) во своите редови свечено ќе го вброи својот триесетти сојузник. На свечената церемонија во седиштето на НАТО во Брисел во 15 часот по средноевропско време ќе присуствуваат генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, претседавачот на Воениот комитет на Алијансата маршал Стјуарт Пич,...

Брнабиќ беше пречекана СО ЗНАМЕ пред Владата, но и со лажна вест

Речисти во исто време додека двајцата премиери, Зоран Заев и Ана Брнабиќ зборуваа за лажните вести, на неколку медиуми се појави вест дека српската премиерка била пречекана без знаме пред Владата. Како што може да се види од официјалните фотографии тоа е намерно објавена дезинформација. Оттаму, насловот на текстот дека српската премиерка Ана Брнабиќ е пречекана без знаме пред Владата, е лажен. Знамето...

Српски „Информер“ дезинформира – не се менува знамето, тоа беше во 1995 година

Деновиве српскиот портал „Информер“објави текст со наслов со кој ја дезинформира јавноста:  „КРАЈ ЗА СОНЦЕТО ОД ВЕРГИНА! Македонците го отстрануваат симболот од знамето заради договорот со Грците! (KRAJ ZA SUNCE VERGINE! Makedonci uklanjaju i simbol sa zastave zbog dogovora sa Grcima!). Во конкретниот случај има грешка во вториот дел од насловната конструкција, каде е пласирана неточна информација, поради што се добива...

Кренато знамето на НАТО, Заев порача дека земјата ја зема судбината во свои раце

video
На свечена церемонија пред зградата на Владата претпладнево беше кренато знамето на НАТО, како одбележување на историскиот настан за потпишувањето на Пристапниот протокол за членство на Македонија во НАТО минатата среда, со што почна последниот чекор кон полноправно членство на земјава во НАТО под името Северна Македонија. Во присуство на речиси комплетниот владин кабинет, Генералштабот на АРМ, воени аташеа во...

Пред Владата утре свечено подигање на знамето на НАТО

Со свечена церемонија, утре на платото пред Владата ќе биде подигнато знамето на НАТО. Владината зграда, пак, каде што утрово беше отстранет натписот „Влада на Република Македонија“, наскоро ќе добие натпис со новото уставно име. „Во вторник  со почеток во 11 часот пред платото на Владата ќе се одржи свечена церемонија по повод подигнување на знамето на НАТО пред Владата...

Генерална проба на Владата и АРМ пред утрешното кревање на знамето на НАТО

Пред објектот на Владата, кој инаку утрово осамна без натписот „Влада на Република Македонија“ од претпладнево се вршат подготовки за утрешната церемонија за подигнување на знамето на НАТО пред владиниот објект, на кој наскоро ќе пишува „Влада на Република Северна Македонија“. Во текот на попладнево ќе се прави и мала проба за церемонијата, објаснија од Владата. Така, пред наредените столови...

Во Косово запалени македонски знамиња поради затворските казни за „Диво Насеље“

Во знак на протест поради одлуката на скопскиот Кривичен суд за казните во случајот „Диво Насеље“, синоќа во косовските градови Гњилане и Пеќ јавно биле запалени македонски знамиња, пренесоа српските медиуми. „Поради револт за неправдата сторена против нашите херои од словенската марионетска држава, го запаливме вечерва нивното знаме, тука пред споменикот на легендарниот Агим Рамадани - Катана во Гњилане. Ги...

Заев за „Н1“: Непријатно е како соседните земји говорат за Македонија

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во интервју за регионалната телевизија „Н1“ изјави дека е непријатен начинот на кој Србија ги коментира случувањата во Македонија, но додаде дека ќе се труди да има добри односи со официјален Белград. - Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, говореше за македонско сценарио. Непријатно е како нашите соседи зборуваат за Македонија – рече Заев. Лидерот на СДСМ...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не осуди ниту една иредентистичка изјава

ВМРО-ДПМНЕ преку редовното утринско соопштение денеска го напаѓа СДСМ дека досега не осудил ниту една шовинистичка изјава од албанските политичари. „Криминалецот Заев со својата антидржавна политика ги разгорува иредентистичките и шовинистичките страсти во регионот и затоа не смее да осуди ниту една негаторска изјава што доаѓа од Зијадин Села, Билал Касами, Еди Рама и ред други. Последен во низата е Бујар...

Европскиот ден на знамето се одбележа со традиционален марш на Водно

Европското движење во Република Македонија во партнерство со Делегацијата на Европската Унија го одбележаа Европскиот ден на знамето со традиционалниот планинарски марш на Водно. Настанот почна пред седиштето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, каде што се разменија знамињата на Македонија и на Европската Унија. Потоа, колона од планинари, ученици и активисти на граѓански организации тргнаа кон врвот на Водно...

ЛП: Џафери да сфати дека еден од врвните државни раководители, а не само Албанец

Либералната партија (ЛП) денеска му честиташе на новиот претседател на Собранието, Талат Џафери, истовремено порачувајќи му оти треба да сфати дека е еден од највисоките државни раководители, а не само Албанец, и соодветно на тоа, во неговиот кабинет треба да стои само знамето на Република Македонија. „Го поздравуваме почетокот на претседавање со Собранието на Талат Џафери и му обрнуваме внимание...

ВМРО-ДПМНЕ: Заев се претвори во маша на Рама и на Тачи и закана по безбедноста во регионот

Криминалецот Зоран Заев во еден ден ги направи Македонците и Бугари и Срби, и покажа како планира „да ја витка кичмата“ на Македонецот во иднина, порачува ВМРО-ДПМНЕ во денешното редовно утринско соопштение за јавноста. Партијата вели дека Заев е поттикнувач и поддржувач на пеењето на албанската химна во Собранието и дека со кршење на Уставот, законот и на деловникот...

Заев за знамето во кабинетот на Џафери: Ако се случила грешка, треба да се поправи

Постојат можности до крајот на месецот да биде формирана новата влада, согласно роковите, но зависи од одлуката на Ѓорге Иванов како и од техничката подготвеност на Собранието, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по средба со претставници на ОБСЕ во „Холидеј Ин“. Тој додаде дека е подготвен да се сретне со Иванов и да му ја гарантира унитарноста и сувереноста...

ВМРО-ДПМНЕ: Внесување знаме на туѓа држава во кабинет на спикер е срамен чин

„Уценетиот криминалец Зоран Заев го газеше македонскиот Устав и ги прогласуваше македонските граѓани за терористи за да обезбеди поддршка и за да го внесе знамето на Република Албанија во кабинетот кој треба да му припадне на претседателот на Собранието“, се вели во редовното утринско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Во него се додава дека „уценетиот криминалец“ Зоран Заев го навредувал македонскиот народ дека...

ВМРО-ДПМНЕ го обвинува Заев за плакатот со „голема Албанија“ во Чаир

Откако медиумите пренесоа дека на мечот помеѓу фудбалските клубови „Шкупи“ и „Вардар“ на стадионот во Чаир со дрон беше развејуван плакат со карта на „голема Албанија“, ВМРО-ДПМНЕ вината за тоа, како поттикнувач, ја префрли на претседателот на СДСМ, Зоран Заев. „Изјавите и дејствата на Заев со кои ги храни големоалбанските апетити, од ден на ден го зголемуваат албанскиот иредентизам во регионот....

Во штабот на ДУИ, македонското знаме го пречека Билт поттурнато во заднината

Поранешниот премиер и шеф на шведската дипломатија, Карл Билт, кој денеска има серија средби со политички лидери во Македонија, веројатно ненамерно, сакајќи да твитне фотографија дека пристигнал во штабот на ДУИ во Мала Речица во Тетово, илустрираше каде ДУИ го држи македонското знаме. На подиумот кој е во рамките на салата за средби ги има сите други знамиња - на ЕУ,...

Кривични пријави за групата што го симна македонското знаме во Куманово

Против групата што во петокот попладнето го симна македонското знаме на плоштадот во Куманово и горе го закачи албанското, полицијата поднела кривични пријави. Л.К. (21) и 17-годишно лице, двајцата од селото Слупчане, и две засега непознати лица, добија кривични пријави за предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост и за напад врз службено лице при вршење работи на...

Удирани полицајците што интервенирале по симнувањето на знамето во Куманово

Полицајците што забележале како четири луѓе го симнуваат македонското знаме од јарболот во центарот на Куманово, на улицата Гоце Делчев, и го поставуваат албанското знаме, при интервенцијата биле удирани и добиле телесни повреди. Потоа двајца од тие што го симнале знамето и ги нападнале полицајците избегале, а двајцата уапсени за кои претходно информираше МВР, се приведени. Според соопштението до медиумите што...

Тинејџер со придружник го симнал македонското знаме на плоштадот во Куманово, партиите реагираат

По инцидентот попладнево, кога две лица, од кои едниот тинејџер, како што извести МВР, на јарболот на плоштадот во Куманово го симнале македонското знаме, а најгоре поставиле албанско знаме, со реакции се јавија и политичарите. Инаку, според тоа што „Мета“ го доби како информација од МВР, во 16 часот денеска на кумановскиот плоштад две непознати лица го симнале македонското знаме...

Новинар на ТВ 24 доби удар со стап од знаме на протестот во Скопје

Новинарот Христијан Баневски вечерва бил удрен по глава со стап од знаме на протестот на „За заедничка Македонија“ во Скопје. За инцидентот информираше Телевизијата 24, која извести дека Баневски бил првин вербално нападнат, а потоа го добил ударот по глава. - На денешниот протест екипата на Телевизија 24 повторно беше вербално, но и физички нападната, кога еден од подржувачите со...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...